Мина Миленковиќ се огласи на својот Фејсбук профил, а според коментарите и мислењата на нејзините пријатели на социјалната мрежа, еве што се’ се случило после нејзиното исчезнување на 22 јуни.
Исчезнатата манекенка Мина Миленковиќ е дефинитивно најозборувана личност и топ тема на Балканот откако се случи нејзиното исчезнување на 22 јуни на белградскиот сплав Ривер, после караницата со поранешното момче А.Ч.
После овие вести следеа и информации дека е пронајдена гола, па дека е силувана, тепана, дрогирана... Всушност, единствената вистина е дека Мина, откако е пронајдена, од срамот кој го чувствувала поради своето однесување, излажала дека е киднапирана и силувана.
Против неа од тие причини е покрената и кривична пријава, после што и таа самата се огласи во јавноста, и тоа на својот Фејсбук профил, пишувајќи дека новинарите „правеле се’ за да го подигнат тиражот“.

„Конечно и јас сум на својот единствен профил! Можам само да му се заблагодарам на Бога што има волку луѓе кои ме сакаат и ми даваат поддршка! Новинарите прават се’ за да го кренат тиражот на своите весници, тоа до некаде и го разбирам, но што е многу многу е! Јас сум само 19-годишна девојка која е пред се’ студент, а не позната личност! Не би му посакала ваков ’публицитет’ ни на мојот најлош непријател! Луѓето кои ме сакаат и кои ги сакам јас знаат се’, се’ останато е помалку важно!“ – напишала таа.
Многу пријатели во коментарите ја поддржале, но повеќе ги има оние кои сметаат дека тоа што го направила не е исправно и дека е последица на незрелост и себичност кон најблиските.
Еве и дел од коментарите, а заклучок може да донесе секој за себе.