Задолжителните приватни пензиски фондови пливаат во пари: Има над три милијарди евра

Точка

07/05/2026

20:42

743

Големина на фонт

а а а

На крајот од минатата година во Вториот пензиски столб, односно во трите приватни задолжителни фондови: КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Триглав отворен задолжителен пензиски фонд, имало 3,1 милијардa евра, што е за 450 милиони евра повеќе отколку што изнесувало заедничкото инвестициско портфолио на 31.12.2024 година, покажуваат извештаите објавени на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Вториот пензиски столб почна да функционира со реформата на пензискиот систем во 2006 година, а на 31.12.2025 година броел 630.396 осигуреници. Од сите овие членови, дел од пензискиот придонес оди во фондот во кој имаат лична сметка. Стапката на пензискиот придонес е 18,8 насто, при што 12,8 насто одат во државниот фонд, а кај задолжителниот приватен пензиски фонд се адресираат 6 насто, пренесува ПАРИ.

Со најголемо инвестициско портфолио располага КБ Прв задолжителен пензиски фонд со кој управува КВ Прво пензиско друштво, кое е во сопственост на словенечката финансиска групација Прва група (51 %) и Комерцијална банка АД Скопје (49 %). Инвестициското портфолио на фондот изнесува 1,48 милијарди евра. Тоа за една година се зголемило за 190 милиони евра, покажуваат извештаите на "МАПАС".

Пензискиот фонд Сава (со кој управува Сава пензиско друштво во сопственост на Позаваровалница Сава д.д Љубљана) на крајот од минатата година имал инвестициско портфолио од 1,35 милијарди евра, што е за 200 милиони евра повеќе отколку на 31.12.2024 година.

Најмладиот фонд, Триглав отворен задолжителен пензиски фонд, располага со инвестициско портфолио од 275,8 милиони евра. Со него управува Триглав пензиско друштво, кое е во сопственост на словенечката Заваровалница Триглав. Фондот го зголемил своето инвестициско портфолио за 67,1 милион евра за една година.


Остатокот од текстот прочитајте го на "www.pari.com.mk"