Оваа недела порталот Точка во разговор и интервју со најпознатиот порно актер Карло Бос.
Кога ќе споменеме порно актер, веднаш прво што ни паѓа на памет е нешто невкусно, неморално, нешто лошо, а всушност нашиот гостин Гоце Гиновски е едно фино и културно момче од Куманово кој во потрага по пари и начин како да ги раздолжи долговите од коцка се одлучил да замине во овој бизнис, порно индустријата во Италија. А да го запознаевте Карло Бос одблиску и слушнете која е главната причина зошто влезе меѓу најдобрите порно актери во Италија? За неговиот приватен и професионален живот, за тоа кои жени се најдобри во кревет? Дали и тој размислува да напише автобиографска книга и сподели сите тајни од неговиот живот? Нашиот Гоце Гиновски или Карло Бос е магистер по секс со неговите 230 снимени порно филмови.
Кој е Карло Бос приватно?
Карло: Карло Бос приватно е Гоце Гиновски од Куманово, роден 08.06.1978 година. До 2002 година во Куманово, Македонија, од 2002 година па се’ досега, 2013, за првпат се враќам после 11 години од Италија.
Од каде прекарот Карло Бос?
Карло: Па Карло прекарот ми го дадоа Италијанците, а Бос ме викаа затоа што бев најплатен порно актер во Италија. Ми викаа, еве го иде Бос Бос... Мене малку ми е глупаво, јас сум навикнат да ме викаат само Карло и толку.

Како гледаат луѓето на тебе и твојата професија овде во Македонија, а како те доживуваат во Италија?
Карло: Па знаете каква е ситуацијата во Македонија со сфаќањата, уште сме многу назад со другите, па добро се навикнав во Македонија последниве неколку месеци. На почетокот ми беше малку хаос. Има предрасуди, но има и пофалби. Во Италија ме доживуваат како последен порно актер, во Македонија ме поздравуваат.
Луѓето овде во Македонија често ја мешаат проституцијата и порнографијата? Па која е разликата, ти се сметаш за машка проститутка?
Карло: Аха во таа смисла, па видете проституција со порнографија нема врска едно со друго, но во Македонија често ја мешаат. Порнографија е професионална работа, една специфична работа, но во цела Европа е легализирана, и се смета за нормална работа, додека на Балканот е уште табу тема. На пример во Холандија има девојки што студираат и си снимаат филмови, за да си ги платат студиите. Истото го прават Чехињите, Унгарките за да си го живеат животот. Јас не се сметам за машка проститутка, јас се сметам за професионален актер, меѓутоа ако имам закажано вечер со некоја повозрасна госпоѓа до 60 години, тогаш не знам како би го сметал тоа. Би ја прифатил таквата понуда само ако е добра.

Зошто прифати да влезеш во порно индустријата? За пари, слава, за љубовта спрема сексот?
Карло: Долгови, имав огромни долгови на коцка и морав да најдам начин кај да заработам многу пари а да не заглавам во затвор. Затоа што знаете, кај има многу пари може и во затвор да заглавиш. Но видов дека ова е на граница меѓу легално и нелегално и ми беше единствен спас да соберам многу пари и исплатам тие мои долгови.
Ги исплати тие долгови, се раздолжи?
Карло: Да да, уште пред 3 години.
Од што живееш сега? Направи ли доволно пари за да живееш еден солиден живот во Македонија?
Карло: Па сега моментално сум во пензија. Имам бенефициран стаж, една година се смета за 5 години во порно индустријата. Сега во Македонија ќе го снимам првиот порно филм, и секако ќе ве известам за деталите околу него, со кој, каде и како ќе се снима. И ќе морам повторно да се вратам на оваа работа. Немам направено многу пари од ова, не..

А колку филмови имаш до сега направено?
Карло: 230 професионални, регистрирани.
Ги гледаш ли сите твои филмови, ги прифаќаш ли критиките? Како тие влијаат на тебе?
Карло: Не, јас само ги снимам. Ги гледам само оние за кои мислам дека имам направено грешки, за да си ги воочам. Ги прифаќам критиките, на почетокот малку се нервирав, но подоцна сфаќаш дека можеш да извлечеш некои поучни работи од нив.
Ти се случило ли да се заљубиш за време на работата?
Карло: Колку што јас се сеќавам, не! Јас бев заљубен надвор од моето работно време, инаку во овие девојки не можеш да се заљубиш затоа што знаеш дека тие се професионалки и таму сме само да заработиме пари. Таквите жени не ме привлекуваат мене.

Си имал ли непријатни ситуации во твојата работа?
Карло: Па да, порнографијата може да биде многу убава, ама може да биде и мноу незгодна. Имав неколку непријатни ситуации, еднаш ќе ме удреше инфаркт, еднаш имав незгода, ми пукна вена на пенисот, бев во болница, уште неколку физички напори, последици, внатрешни капилари, од напори... Значи не е сето тоа розово, како што повеќето мислат дека е. Ова е една од најтешките работи што може машко да ја работи. Јас ви гарантирам, а ова истото ќе ви го потврди професионален порно актер.
Подолго време ја работиш оваа работа, како ја снема тремата?
Карло: Па јас да ви кажам и немав некоја трема на почеток. Тоа изгледа ми беше доблест затоа што 50 проценти од машките отпаѓаат, не можат да бидат актери затоа што имаат трема. Тие може да бидат супер кога се во интимни односи со девојката, ама кога ќе се појават на камера веднаш добиваат трема.

Колку семејството ти даде поддршка во твојата одлука за се занимаваш со порно индустрија? Како реагираше?
Карло: Па никој не знаеше дека се занимавам со оваа работа. Јас до пред некоја година тоа вешто го криев. Ама веќе кога почнав со снимање над 150 филмови и кога почнаа и овде во Македонија да се продаваат, не можеш да го сокриеш тоа. Сите знаеа дека јас сум водоинсталатер во Италија, и можете да замислите како ми беше на почетокот. Моето семејство е сепак угледно, сите се во образовниот систем, и можете да замислите каква реакција имало од нивна стрна, значи во шок! Тоа е тоа, нема бегање од реалноста. Подоцна се помирија со фактот, јас се повлеков.
Колку отворено и јавно овде во Македонија се зборува за сексот?
Карло: Има многу предрасуди и слабо се зборува за сексот во Македонија. Јас мислам дека треба да се отвори една емисија после полноќ на некоја приватна телевизија, и да се канат гости од јавниот живот, отворено да се зборува за сексот. Можам совети да делам, до толку се разбирам. Знаете како велат, кога имаш над 100 порно филмови си доктор, јас со моите 230 можам да бидам магистер по секс.
Се сеќаваш на твојата љубов, твојот прв бакнеж?
Карло: Се сеќавам, ама сакам да ја прескокнам темата. (се смее) Кога веќе инсистираш, тоа беше Магдалена, се шетавме за рака и се бакнавме во моето маало, и толку... Беше кратко.

На колку години беше твоето прво сексуално искуство?
Карло: На 16 години, толку, повеќе не би сакал да зборувам за ова прашање.
До каде со овој бизнис, до каде со кариера?
Карло: Па вака, полека едно по едно се планира да се завршат некои работи во Македонија и да се отвори прва професионална порно продукција за Македонија и за цел Балкан. Во план е да се отвори линија на Карло Бос секси шопови низ Македонија. Треба да се снима првиот порно филм. Имам закажано интервјуа во Белград и Загреб, значи и таму треба да се снима нешто, и после здравје боже ќе видиме што ќе биде.
Добро, размислуваш ли еден ден да станеш татко?
Карло: Да не сте слушнале нешто? (се смее) Ме прашуваат многу дали имам деца, си велам не знам, можеби.. да не сте слушнале нешто (се смее). Да планирам да основам семејство, штом се заљубам. Еве и јас ќе се оженам, сериозно.

Дали Карло Бос е заљубен?
Карло: Во моментов не, слободен сум
Која наша позната личност, од естрадата, ти е најзгодна?
Карло: Има многу згодни девојки. Еве еднаш ја спомнав Сузана Гавазова, и стојам уште зад тоа, дека ми е најзгодна, таа ми е најсекси, средена... Ама и Калиопи не е лоша (се смее). Од постарата генерација еве ќе ја споменеме и Благица Павловска.
Се каеш ли некогаш што влезе како порно актер? Сметаш ли дека си згрешил?
Карло: Не, можеби на почетокот се каев, но подоцна веќе ми стана рутина. Не мислам дека сум згрешил, неколку пати во медиумите реков, ниту сум крадел, не сум продавал дрога, ниту сум убивал.. значи таквите луѓе треба да се срамат. Јас сум само порно актер и сум снимал филмови, сум ја работел работата што е веќе легална во сите европски држави, така што немам од што да се срамам. Единствено што ме гледаат гол сите, можеби на почетокот ми беше срам малку, но тоа ми помина.

Што ти донесе, а што ти одзема во животот како порно актер?
Карло: Пари, популарност, допрва работи што можам да ги искористам, е тоа ми донесе... А ми одзема многу работи. Сум жртвувал многу работи, еве на пример, досега требаше можеби да се оженам, да оформам семејство, требаше до сега деца да имам. Еве пред да одам во Италија требаше да се земам со една девојка во Куманово, само што не можев тоа да си го дозволам поради тоа што бев должен.
Колку си информиран и едуциран за болестите кои се пренесуваат преку сексуалните чинови?
Карло: За сите болести знам се’. Значи доктор не ми треба за тоа. Ние порно актерите сме многу чувани и проверувани од сите заразни болести. Ние никогаш не ризикуваме за ништо. Затоа што професионалните порно филмови се снимаат без презерватив, со тотална проверка на крвната слика од сите заразни болести, е кога одиш на страна во кревет одиш со презерватив, но јас никогаш не ризикувам со ништо. Ние, професионалните актери затоа што ние знаеме како сето тоа може да заврши. Сме имале колеги што добиле и сида, и хепатитис Ц. Имало многу такви случаеви.

Каде ова лето Карло?
Карло: Здравје боже ќе видиме. Јас имам забрана од 5 години за цела Европа, но сум во процес да ја тргнам таа забрана, знаете дека бев депортиран од Италија... Мислам дека за 2 месеци ќе се одблокира забраната и сигурно ќе заминам надвор некаде. Еве ова лето ќе одиме во Охрид?
Да не заборавиме нешто, има нешто што би сакал да кажеш? И за крај што ќе им порача Карло Бос на читателите на Точка?
Карло: Е вака, сите луѓе ме прашуваат кога веќе ќе започне продукцијата за порно филмови. Да не се објаснуваме еве јавно кажувам кога ќе почнат подготовките сите ќе бидете информирани. Ќе почне да се пишува книга Гоце за Карло Бос.
А пораката за сите читатели на Точка нека биде: Да уживаат во сексот, сексот не е лоша работа, само на добар начин. Не е опасно, да не се плашат. Водете љубов а не војна. Научете малку повеќе за сексот.

Автор: Елена Стефановска
Стајлинг за Елена: студио „Ултралук“
Локација: ресторан „Ања“ – Градски Парк