Анџелина Џоли и Бред Пит конечно постигнаа договор за винаријата што беше во нивна заедничка сопственост и имотот на кој се венчаа.
Бред Пит (62) и Анџелина Џоли (51) постигнаа вонсудска спогодба во врска со винаријата „Шато Миравал“, францускиот имот на кој се венчаа во присуство на најблиските.

Договорот го потврдија на 25 ноември, десет години по разделбата и повеќе од четири години откако Пит ја тужеше поранешната сопруга поради продажбата на нејзиниот удел. Двете страни побараа нивните меѓусебни барања да бидат отфрлени. Што точно се договориле, не ѝ соопштија на јавноста.
„Постигнавме вонсудска спогодба во најдобар интерес на нашето семејство и нема дополнително да го коментираме овој случај. Изјавите што во медиумските текстови им се припишуваат на ‘извори’ всушност не доаѓаат ниту од нас ниту од кого било од нашиот близок круг“, се наведува во заедничкото соопштение што претставниците на поранешните сопружници го доставија до списанието „People“.
Синовите ја придружуваа до олтарот
Кога во 2008 година стекнаа контролен удел во „Шато Миравал“, Пит и Џоли добија имот во Прованса, кој со години им служеше и како семеен дом.

Заедно со францускиот винар Марк Перен започнаа производство на розе вино, а првата тура покажа колкав интерес постои за нивното вино. Во март 2013 година, сите 6.000 шишиња понудени преку интернет беа распродадени за пет часа. На задната страна од етикетата стоеја презимињата Џоли, Пит и Перен.
Следното лето, на 23 август 2014 година, се венчаа во мала капела на имотот, во присуство на дваесетина блиски луѓе. Медокс и Пакс ја придружуваа мајка си до олтарот, Захара и Вивиен расфрлаа ливчиња од цвеќе, а Шајло и Нокс ги носеа венчалните прстени. Пакс ја направи и свадбената торта. Цртежите на сите шест деца се најдоа на венчаницата и превезот на Анџелина.

Две години подоцна, Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит. Беа заедно 12 години, од кои две во брак. Судот во 2019 година ги прогласи за правно слободни, а договор за развод постигнаа дури во декември 2024 година.
Анџелина го продаде својот удел
Додека сè уште ги решаваа прашањата поврзани со разводот, Џоли во 2021 година го продаде својот удел во винаријата на компанијата „Tenute del Mondo“, винската филијала на групацијата „Stoli“.
Пит во февруари 2022 година поднесе тужба. Тврдеше дека се договориле ниту еден од нив да не може да го продаде својот удел без согласност од другиот и дека Анџелина ги прекинала преговорите во кои тој требало да го откупи нејзиниот удел. Зборуваше и за тоа што за него значело доаѓањето на новиот косопственик: имотот го доживувал како втор дом, а сега морал да го дели со луѓе што не ги познавал.
Angelina Jolie told Brad Pitt she couldn't own an alcohol business anymore. Nine months later she sold her stake in their wine estate to the people behind Stolichnaya vodka.
They bought Château Miraval in the south of France in 2008 for about $28 million. Pitt put in 60%, Jolie 40%. They got married there in 2014.
Pitt ran the wine side. Miraval's revenue reportedly went from around $3 million in 2013 to over $50 million.
In January 2021, according to his lawsuit, Jolie told him she'd made a "painful decision, with a heavy heart" to sell, because she objected to owning an alcohol business.
In October 2021 her stake went to Tenute del Mondo, the wine arm of the Stoli Group, controlled by Russian billionaire Yuri Shefler. Pitt says they had agreed neither would sell without the other's consent.
Her lawyers say that agreement never existed and call the case his way to harass and control her.
Their divorce was finalized in December 2024. The winery fight wasn't. Pitt is suing her for $35 million, and it's headed to trial in 2027.
— Adele (@adelltells) November 26, 2026
Џоли во октомври истата година поднесе противтужба. Таа оспори дека таков договор некогаш постоел, а нејзините адвокати изнесоа поинаков опис на пропаднатите преговори. Тие тврдеа дека Пит го условил откупувањето со потпишување договор за доверливост и се откажал кога таа одбила да го потпише. Тој документ, како што тврдеше нејзиниот правен тим, бил „осмислен за да ја принуди да молчи за неговото насилничко однесување и неговите обиди за прикривање“.
Објаснувајќи зошто одбила да го потпише договорот за доверливост, Џоли во судските поднесоци опиша што, според нејзините наводи, се случило за време на приватниот лет од Европа во 2016 година, непосредно пред да побара развод. Таа тврдеше дека Пит за време на летот вербално и физички ја нападнал неа и децата. Пит ги негираше обвинувањата за насилство. Случајот го истражуваа ФБИ и службите за заштита на децата, а американското обвинителство не подигна обвинение.













