[ВИДЕО] Претставен нов трејлер за „Dune: Part Three“: Улогата на Роберт Патинсон и неговиот глас предизвикаа бројни реакции

Точка

27/11/2026

21:11

649

Големина на фонт

а а а

Објавен е нов тизер за филмот „Dune: Part Three“, во кој публиката за првпат има можност подобро да го запознае Роберт Патинсон во улогата на негативецот Скајтејл.

Најголемо внимание привлече необичниот глас со кој зборува актерот, а реакциите на социјалните мрежи се поделени.

Скајтејл за првпат се појавува во романот „Месијата на Дина“ на Френк Херберт од 1969 година. Станува збор за генетски модифицирано суштество кое може да го менува својот изглед и учествува во заговор за соборување на Пол Атреид. Се очекува слична улога да има и во филмот.

„Леле, гласот на Скајтејл звучи токму онака како што си го замислував... Ласкав, висок и дрзок“, напишал еден обожавател. Друг додал: „Не можам да поверувам дека тоа е истиот тип што го глумеше оној безвезниот лик во „Twilight“. „Боже мој, колку морничаво звучи. Едвај чекам да го видам Патинсон како Скајтејл“, напишал еден корисник на „Reddit“.

Сепак, не се сите воодушевени. „Дали Роберт Патинсон се обидува со овој глас да го имитира Волфганг Пак?“, прашал еден корисник на „Reddit“, мислејќи на познатиот готвач. Некој на платформата „X“ забележал дека гласот потсетува на Салад Фингерс, лик од култната интернет-анимација.


Во разговор за списанието „Empire“, Патинсон открил дека сакал ликот „да изгледа како вонземјанин“.

„Како да е создаден во лабораторија. Има нешто детско во него, што навистина, навистина ми се допадна“, изјавил актерот.

Дејството на третиот дел се случува 17 години по настаните од претходниот филм, во кој Пол Атреид (Тимоти Шаламе) ја презеде власта над Империјата. Според официјалниот синопсис, Пол, како немилосрден император, се соочува со последиците од своето владеење. Го прогонуваат визии за пропаста на Империјата, додека околу него се плете заговор во чиј центар е Чани (Зендаја).


Флоренс Пју, која се враќа во улогата на принцезата Ирулан, претходно овој месец ја спореди трилогијата на Дени Вилнев со „Star Wars“. Таа изјави дека било прекрасно да се биде дел од нешто што го смета за „Star Wars“ на нејзината генерација.

Филмот „Dune: Part Three“ пристигнува во кината на 18 декември.