[ФОТО] Никол Шерцингер ја раскина свршувачката по седум години врска, нејзиниот поранешен партнер порача: Ја почитувам нејзината одлука

Точка

27/11/2026

20:00

1.005

Големина на фонт

а а а

Никол Шерцингер и поранешниот шкотски рагбист Том Еванс ја раскинаа свршувачката по седум години врска. Тој на социјалните мрежи објави дека тоа била одлука на пејачката.

„Со тешко срце објавувам дека Никол и јас повеќе не сме заедно. По седум години љубов, посветеност и верба во заедничката иднина, ова е неверојатно тежок период. Иако ова не е исходот на кој некогаш се надевав, ја почитувам одлуката на Никол и искрено ѝ посакувам сè најдобро во следното поглавје од нејзиниот живот“, напиша Еванс.


Шерцингер сè уште јавно не се огласила за разделбата. Тие се запознале во 2019 година, за време на снимањето на емисијата „The X Factor: Celebrity“. Таа тогаш беше членка на жирито, а тој се натпреваруваше како член на бендот „Try Star“. Како пар за првпат се појавија на црвениот тепих во јануари 2020 година, на забавата по доделувањето на наградите „Златен глобус“.


Во февруари 2023 година ги демантираа гласините за разделба, а четири месеци подоцна Еванс ја запроси на плажа. Шерцингер тогаш објави фотографии од запросувањето на Инстаграм со пораката: „Реков ‘да’“.


Подоцна открија дека сакаат да се венчаат на Хаваите, а свадбената прослава ја планирале во Португалија. Пејачката отворено зборуваше и за желбата да основа семејство со Еванс. Во интервју за „Times“ во 2024 година изјави дека „ѝ отчукува биолошкиот часовник“ и дека го одложувала мајчинството поради напорната кариера.

Пред врската со Еванс, Шерцингер беше во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон.