Сопственичката на три мачки, Џевелија Несбит, смислила необичен начин како да ја заштити елката од своите миленици. Бидејќи нејзините мачки ја сакаат елката исто колку и таа, секое нејзино излегување од дома ѝ претставува стрес бидејќи се плаши дека мачките ќе почнат да си играат со украсите.
За да ги спречи во тоа, се досетила на трик кој стана вирален на социјалните мрежи.
Нејзините мачки не поднесуваат правосмукалка, па затоа ја поставила пред елката. Потоа на телевизорот пуштила снимка од чистење со правосмукалка за мачките да го слушнат и звукот од кој се плашат. Нејзината идеја привлече големо внимание, а се огласи дури и профилот „Nat Geo Animals“, кој коментираше: „Совршено изведено, без шега!“.
Засега не е познато дали нејзиниот план успеал. Девојката на Џевелија, која на социјалните мрежи го користи името @Cay, се пошегувала во коментарите: „Само се молам телевизорот да не се исклучи сам од себе пред да се вратиме дома!“.
Други сопственици ги споделија своите трикови
Објавата ги поттикнала и другите сопственици на мачки да откријат како ги штитат своите елки. Многумина ја пофалиле идејата, а некои на почетокот помислиле дека правосмукалката навистина е вклучена, па Џевелија појаснила дека звукот доаѓа од телевизорот.
Во коментарите се ределе и други духовити решенија.
„Закачив ѕвончиња по целата елка за да слушнам ако некој чепка по неа. Замка за мачки“, напишала една корисничка.
„Јас чувам дувач за лисја во куќата. Стана постојан дел од божиќните украси. Хаха!“, додала друга.
Трета корисничка има сличен пристап.

„Мојата мачка, која постојано ја чепка елката, се плаши од кеси за ѓубре, па минатата година ги наредив на подот околу елката. Ако имам доволно време пред да ја поставиме, ќе се обидам од кесите за ѓубре да направам подлога за елката“, објаснила таа.
Една корисничка понудила уште поедноставно решение.
„Внимавајте сега: Bluetooth звучник“, предложила таа.
Иако сè уште не е познато дали Џевелија успеала да ја заштити својата елка, коментарите покажуваат колку креативни можат да бидат сопствениците на мачки за време на празниците. Сепак, при изборот на начин за заштита на елката, важно е да се води сметка милениците да не бидат изложени на непотребен страв и стрес.










