Австралискиот сенатор Ралф Бабет ја критикувал сенаторката Фатима Пејман откако на седницата на Сенатот дошла со својата шестмесечна ќерка Алија, оценувајќи дека „феминизацијата на западната цивилизација ќе ја уништи“.
Пејман, која ја предводи партијата „Гласот на Австралија“, го држела небето на колк додека во среда учествувала во гласањето за законот за безбедност на интернет. Додека зборувала за одредбите што ги поддржува, Алија гугала, а сенаторката Лидија Торп во заднина си играла со неа, пренесе „Дејли мејл“.
Снимката од седницата беше објавена на социјалните мрежи и предизвика поделени реакции, привлекувајќи внимание и надвор од Австралија.
Додека некои корисници ја критикуваа Пејман, оценувајќи ја нејзината постапка како непрофесионална и пример за „перформативна политика“, други ја пофалија сенаторката и нејзиниот гест го опишаа како трогателен.
Пејман објаснила дека сакала да го сврти вниманието кон положбата на вработените мајки и да истакне дека законот за кој се гласало ќе придонесе за заштита на најмладата генерација Австралијци.

Меѓу критичарите особено се истакнал сенаторот Ралф Бабет од партијата Обединета Австралија, кој порачал дека „феминизацијата на западната цивилизација ќе ја уништи“.
Од друга страна еден од коментаторите ја споредил постапката на сенаторката со хирург кој би си играл со бебе додека со пациентот разговара за операција. Други оценија дека доаѓањето со дете и неговото присуство за време на седницата претставувало непочитување кон Сенатот.








