[ВИДЕО] Водителка на РТС погрешно го изговорила името на групата „Дуран Дуран“, шегите не престануваат

Точка

26/11/2026

20:39

515

Големина на фонт

а а а

Веста за смртта на Енди Тејлор, 65-годишниот гитарист на британската група „Дуран Дуран“, беше објавена утрово и во програмата на Радио-телевизија Србија (РТС).

Прилогот за музичарот привлече внимание на социјалните мрежи откако водителката погрешно го изговорила името на познатата група како „Ѓуран Ѓуран“.

Реакции на социјалните мрежи

Погрешното изговарање на името на групата предизвика низа духовити коментари на социјалната мрежа Икс.

„Рече Ѓура Ѓура“, „Не е пристојно да се смееме со оглед на природата на прилогот“, „Добро е што не рече ќуран (мисир)“, „Богами, Ѓуро“, „Генерациска работа, очигледно никогаш не слушнала за групата“, „Умирам од смеење“, се само дел од коментарите.


Починал по борбата со ракот

Енди Тејлор починал во понеделникот, 23 ноември, на 66-годишна возраст, како последица на рак на простатата. Починал во својот дом, опкружен со семејството.


На почетокот на осумдесеттите години имаше важна улога во обликувањето на препознатливиот поп-рок звук на групата „Дуран Дуран“, во периодот на нејзината најголема популарност. Од гитаристот со емотивни пораки се простија членовите на семејството и неговите поранешни колеги од групата.