Оскаровецот Леонардо ди Каприо, кој на 11 ноември наполни 52 години, неодамна организирал роденденска забава на Беверли Хилс каква што ретко се гледа. Она што ја направи посебна беа гостите – најголемите холивудски ѕвезди, но и една сцена која буквално потсетува на сцена од филм.
Со оглед на неговиот статус на голема холивудска ѕвезда, не е изненадување што прославата на 52. роденден на Ди Каприо била преполна со познати личности. Меѓутоа, на забавата што се одржала во саботата се појавила и група млади жени кои пристигнале со автобус.

Сцена како од филмот „Социјалната мрежа“
Во сцена што потсетува на филмот „Социјалната мрежа“, девојките биле забележани како излегуваат од минибус и се упатуваат кон роденденската прослава на Беверли Хилс.
Во споменатиот филм од 2010 година постои позната сцена во која девојки пристигнуваат со автобус на студентска забава, додека Марк Закерберг ги хакира базите на податоци на Харвард за да создаде веб-страница на која може да се споредуваат фотографиите на студентите.
Меѓу атрактивните гостинки на забавата на Ди Каприо била и Кортни Бернер, ѕвезда на американската верзија на реалното шоу „Love Island“, која носела секси, проѕирен бел мини фустан.
Ди Каприо и претходно бил мета на критики поради тврдењата дека наводно одбивал да биде во врска со девојки постари од 25 години.
Ѕвездата на филмот „Титаник“ од август 2023 година е во врска со 28-годишната Виторија Черети, а претходно, во 2022 година, ја прекинал петгодишната врска со Камила Мороне – само еден месец откако наполнила 25 години.
Многу познати пријатели на Ди Каприо биле забележани како пристигнуваат на роденденската прослава во саботата, меѓу кои Тоби Мегвајер, Џона Хил, Кејси Афлек, Адриен Броди, Ал Пачино и Нур Алфалах, Едвард Нортон, Мајкл Ман, како и Лендон и Алабама Баркер. Роденденската прослава не ја пропуштиле ниту Лорен Санчез и Џеф Безос.
Меѓу присутните биле и поранешната сопруга на Мегвајер, Џенифер Мајер, со нејзиниот нов сопруг Џефри Огунлеси, потоа Орландо Блум, Фифти Сент, Кара Делевињ, Кори Гембл, Џастин Трудо и други. На прославата се појавил и таткото на Леонардо ди Каприо, Џорџ ди Каприо, со својата сопруга Пеги Ен Фара.
„Леонардо ди Каприо сега избира позрели жени“
Ди Каприо отсекогаш бил во центарот на вниманието на јавноста поради своите љубовни врски. Познато е дека пет години бил во врска со манекенката Жизел Бундшен, а нивната романса започнала кога таа имала 20 години. Исто толку траела и неговата врска со Бар Рафаели, која завршила кога таа наполнила 25 години.
Холивудскиот актер во септември 2022 година бил поврзуван и со Џиџи Хадид. Гласините за нивната романса се појавија само неколку недели по неговото раскинување со тогашната девојка, Камила Мороне.

Меѓутоа, гласините брзо стивнале во февруари 2023 година, кога еден извор за „Дејли мејл“ изјавил:
„Лео во моментов е целосно слободен и не му одговара медиумската помпа што создава впечаток дека тој бара исклучиво многу млади жени. Кога станува збор за љубовните врски, тој бара нешто позрело. Сето тоа е всушност смешно, бидејќи не може никаде да се појави без веднаш да го поврзат со најмладата убава жена во негова близина. Тој сака еднаш засекогаш да се ослободи од таквата слика за себе и навистина му пречи што таа и понатаму го следи“.
Бурните шпекулации за неговите љубовни навики со години станувале сè погласни. Ди Каприо раскинал со Камила само неколку недели откако таа наполнила 25 години, а потоа бил забележан во друштво на бројни млади манекенки, меѓу кои биле 25-годишната Викторија Ламас и 19-годишната Иден Полани.
Тој се соочил со остри критики поради наводната романса со Иден, која е 29 години помлада од него, што поттикнало еден извор близок до актерот категорично да ги демантира тврдењата дека меѓу нив постоело нешто романтично.

„Седеа еден покрај друг на забава организирана за слушање музика. На тој настан имаше и многу други луѓе“, рекол изворот.
Интригите околу љубовните избори на Лео траат со децении, уште откако станал светска ѕвезда благодарение на главните улоги во филмовите „Ромео и Јулија“ (1996) и „Титаник“ (1997).
Две години по премиерата на „Титаник“, актерот, кој тогаш имал 24 години, започнал врска со тогаш 18-годишната Жизел Бундшен, која подоцна ќе стане сопруга (а потоа и поранешна сопруга) на легендата на НФЛ, Том Брејди.
Со оглед на тоа што и самиот во тоа време припаѓал на категоријата „помлади од 25 години“, тоа всушност не претставувало проблем.
За време на нивната петгодишна врска, Ди Каприо на безброј црвени теписи јавно ја покажувал својата љубов кон Жизел Бундшен, а двајцата изгледале како совршен пар.
Ди Каприо 13 години бил во врски со жени помлади од 25 години, а потоа го променил тој образец
Во 2004 година, кога Бундшен имала 23 години, тие двајца раскинале. Во 2005 година, Леонардо започнал уште една петгодишна врска, овојпат со манекенката Бар Рафаели, која имала 20 години кога почнале да се гледаат.
Секој детаљ од нивната долга врска го привлекувал вниманието на јавноста, а многумина тогаш верувале дека Леонардо ја пронашол својата сродна душа.

Меѓутоа, кога Рафаели во 2010 година наполнила 25 години, парот раскинал – со што започнал образецот во изборот на партнерки што ќе го следи Лео во наредните 13 години.
Откако поминал една деценија во две долги врски, Леонардо имал низа кратки романси со познати жени, од кои сите биле помлади од 25 години.
Во 2011 година, Леонардо бил во врска со ѕвездата на серијата „Озборувачка“, Блејк Лајвли, која тогаш имала 23 години. Следната година, во 2012, актерот започнал врска со 22-годишната манекенка Ерин Хедертон, која траела само неколку месеци.

Потоа започнал врска со уште една 22-годишна манекенка, Германката Тони Гарн, со која раскинал откако таа во 2014 година наполнила 24 години.
Во 2015 година бил во врска со убавицата од серијата „Чувари на плажата“, Кели Рорбах, која тогаш имала 25 години. Нивната врска завршила пред таа да го прослави својот 26. роденден.
По раскинувањето со Рорбах, Леонардо во 2016 година започнал нова романса со 24-годишната манекенка Нина Агдал. Таа врска завршила две години подоцна, во 2018 година, кога Агдал имала 25 години.

Во 2018 година Леонардо се вљубил во манекенката Камила. На почетокот на нивната врска, тој имал 43 години, додека таа имала само 20 години.
Сепак, се чинело дека разликата во годините не претставува проблем, а извесно време изгледало како Лео конечно да ја пронашол жената од своите соништа. Меѓутоа, само еден месец откако Камила наполнила 25 години, нивната романса, која изгледала како од бајка, завршила.
Единствен исклучок од неговиот досегашен избор на девојки е неговата сегашна партнерка, Виторија Черети, со која е во врска од 2023 година, бидејќи таа има 28 години, а на прославата на неговиот роденден италијанската манекенка пристигнала речиси незабележано, додека по забавата камерите ги снимиле неа и славниот актер како заедно заминуваат.
Инаку според претходните пишувања на „E! News“, Ди Каприо веќе со децении важи за еден од најпознатите организатори на холивудски забави, а неговите роденденски прослави речиси прераснале во посебни општествени настани.

Актерот притоа не штеди на организацијата. За прославата на својот 44. роденден во 2018 година, наводно поканил дури 500 гости, додека на забавата ѝ претходела поинтимна вечера за педесетина најблиски пријатели. За својот 50. роденден во 2024 година организирал раскошна прослава во Лос Анџелес.
Неговите забави не се секогаш наменети само за славење. На прославата на својот 38. роденден во 2012 година, тој го искористил собирот на славните пријатели за да собере средства за хуманитарни цели. Собраните 500.000 долари биле наменети за Американскиот Црвен крст, за помош на настраданите од ураганот Сенди.












