Пејачот Саша Ковачевиќ и неговата сопруга Зорана Тасовац денес го добија своето прво заедничко дете, син на кој му го дале името Алекса, пишува „Blic“.
Инаку, името Алекса потекнува од грчкото име Александрос и значи „заштитник на луѓето“ или „бранител на човештвото“. Се поврзува и со значењата „човек“ и „јунак“.
Саша потоа се огласи и на Инстаграм каде што објави фотографии од породилиштето и ги покажа првите фотографии со својот наследник.

„Љубов моја, од денес сме четворица. Сè уште ми звучи неверојатно убаво кога го изговарам тоа. Ти си мојата потпора, мојата сила и мојата најголема љубов. Ти благодарам бескрајно што го донесе на свет ова наше прекрасно суштество. Додека те гледам како го држиш, не можам со зборови да опишам колку сум горд на тебе и колку сум среќен што токму со тебе го споделувам овој живот. Секогаш беше тука за мене, а во сè што нè очекува, јас ќе бидам покрај тебе. Нашите деца имаат среќа што те имаат за мајка, а јас што со тебе го имам нашето мало семејство. Ти благодарам, Боже! Те сакаме, Искра и јас“, напиша пејачот.
Да потсетиме, Зорана од бракот со Богдан Срејовиќ ја има ќерката Искра, а Саша уште од самиот почеток го прифатил девојчето како свое. Сега нивното семејство е побогато за уште еден член.

„Добро сум, благодарам, истото ви го посакувам и вам. Супер сум, фала му на Бога. Најубаво на светот. Јас со години сум во родителска улога, но еве, сега првпат имам можност да земам бебе во раце“, изјави тој за „Blic“.
Откри и дека и мајката и бебето се добро, но и дека од негова страна имало солзи радосници.
„Секако, како да не, не се случува ова секој ден. Станав татко на 41-годишна возраст, нешто сосема ново и поинакво“, заклучи Ковачевиќ.

Непосредно пред породувањето, Саша Ковачевиќ за емисијата „Exkluziv“ откри како течеле подготовките за доаѓањето на новиот член на семејството, напоменувајќи дека имале неколку опции за името:
„Се подготвуваме, имаме неколку опции за името, но сè уште не сме донеле конечна одлука“.
Пејачот тогаш истакна и дека донел цврста одлука да присуствува на породувањето во приватната клиника што внимателно ја избрале:
„Сакам да бидам таму, и како поддршка, но и да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога ќе дојде на свет“.







