[ВИДЕО] „Не верувај на големи попусти. Верувај на мали цени.“ – Денис Ампов од Ananas ставен на Полиграф

Точка

16/11/2026

12:56

147

Големина на фонт

а а а

Што навистина значи добра Black Friday зделка – голем процент на попуст или цена што навистина вреди да се плати? Токму на оваа тема, но и за пошироките промени во онлајн трговијата и навиките на купувачите, зборува Денис Ампов, Country Manager на Ananas, во специјалот на „Полиграф“.

Во периодот кога Black Friday понудите се насекаде, Ananas годинава го става фокусот на една едноставна, но важна перспектива: не е најважно колкав е попустот, туку колку навистина плаќате.


Наместо купувачите да се водат само од впечатливите проценти – 60%, 70% или 80% – на Ananas можат да ја споредат актуелната Black Friday цена со историски најниската цена на производот во 2026 година и да ја видат реалната заштеда изразена во денари. Со тоа, платформата настојува да понуди потранспарентно искуство при онлајн купувањето. Black Friday, според оваа нова перспектива, повеќе не мора да биде само импулсивна трка по најголемиот процент на попуст, туку можност купувачите да разгледаат, споредат и да изберат кога понудата навистина им одговара.


Овој пристап се вклопува и во начинот на кој се менуваат навиките на современите купувачи. Со пристап до повеќе информации и можност за брзо споредување, потрошувачите денес сè повеќе очекуваат едноставно, сигурно и транспарентно искуство. Тоа значи дека конкуренцијата во e-commerce не се гради само преку попусти, туку и преку изборот, цената, корисничкото искуство и довербата.


Токму затоа, Ananas годинава ја менува перспективата со едноставна порака: „Не верувај на големи попусти. Верувај на мали цени.“ Бидејќи на крајот, не е важно колкав е попустот, туку колку навистина плаќаме.