Таткото на претепаната Сара од Охрид, од вчера на пладне се уште до 10 часот денеска беше во полициска станица во Охрид заради обавување информативен разговор.
Ова е ситуација што може да се види само во корумпирана средина како Охрид- насилникот се штити и на слобода , а жртвата и семејството се малтретраат зарадо вербална закана. Таткото на Сара беше повикан во полициска станица вчера на пладне поради пријава од мајката на Кристијан Корабоски дека и се заканувал. Од вчера се држи во станица и не му бил дозволен контакт со семејството.

Мајката на Сара претходно изнесе тешки обвинувања за случувањата во моментот кога Сара била во бессознание. Според нејзиното сведочење, Кристијан, мислејќи дека девојката е мртва, стапил во контакт со својот татко и побарал помош како да се ослободи од нејзиното тело. Но иако ја претепа, тој е на слобода.

Освен помошта од родителите, Кристијан по се изгледа ја добива помошта и од целиот корумпиран систем во Охрид, што дополнително ја револтира јавноста. Од вчера пристигнуваат повици за масовни протести и земање на правдата во свои раце-со оглед дека има тенденција да се „замачка“ целата работа. За вакви дејствија, без исклучок праксата покажува дека насилници од овој тип не излегуваат од притвор најмалку 30 дена, а не истиот ден да излезе на слобода и да се врати дома.
Сара според извори од семејството е во шок и преплашена, не се чувствува сигурна ниту во болницата. Посебно сега кога Кристијан е надвор на слобода. Цела ноќ стражареле од семејството и пријатели пред болницата за да се смири.

Одговорност мора да има од сите што носат одлуки и не смее да се помине ова неказнето-како за насилникот така и за сите што му помагаат да се избегне правдата.












