Медведев: Многу западни земји бесрамно се мешаат во изборните процеси низ целиот свет

Макфакс

16/11/2026

12:30

84

Големина на фонт

а а а

Дмитриј Медведев изјави на состанок во Москва дека многу западни земји бесрамно се мешаат во изборните процеси на други држави, вмешувајќи се во суверените работи и наметнувајќи ја својата волја. Тој повика на единство и спротивставување на овие обиди.

Во Москва се одржува состанок на постојаниот комитет на движењето „За слобода на народот“, а заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, на состанокот изјави дека многу западни земји дрско се обидуваат да ја наметнат својата волја за време на изборните процеси во други земји.

Тој изјави дека претставниците на Западот упорно се стремат да ја диктираат својата волја на други нации и дека е потребно спротивставување на тоа со покажување единство.

„Важно е да се продолжи со решавањето на прашањето за мешање во суверените работи на државите, вклучително и во водењето на изборните кампањи. Ние постојано се занимававме со ова прашање. Многу западни земји бесрамно се мешаат во изборните процеси, обидувајќи се да ја наметнат својата волја. Искуството на нашите колеги, вклучително и оние кои исто така се соочиле со ова, ќе биде корисно тука“, рече Медведев.