Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава против жена поради запоставување и малтретирање на малолетни деца, кои ги присилувала да работат и да питачат, што не е соодветно за нивната возраст и физичка способност.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28) од Куманово.
Tаа се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според полицијата, пријавената, запоставувајќи ја својата родителска должност за грижа и воспитување, ги присилувала на работа нејзините две малолетни деца, што не одговара на нивната возраст и физичка сила и воедно ги наведувала на питачење.








