Американскиот рапер 50 Сент на шега му го честиташе 57-от роденден на Шон „Диди“ Комбс, кој издржува затворска казна, објавувајќи фотографија на која музичкиот могул има побелена коса и брада.
Двајцата рапери со години се во конфликт. 50 Сент, извршен продуцент на документарната серија на „Netflix“, „Sean Combs: The Reckoning“, речиси и да не пропушта можност да се пошегува на сметка на Диди откако тој заврши зад решетки. Неговиот роденден не беше исклучок.
„Среќен 57-ми роденден, Диди, ти посакувам уште многу такви“, напиша 50 Сент на Инстаграм.
На ист начин реагираше и минатата година, кога Диди наполни 56 години. Тогаш објави видеоизвадок создаден со помош на вештачка интелигенција, на кој Диди танцува опкружен со затвореници, придружен со пораката: „Ви реков дека е добро. Поднесе жалба, Диди е добро! Среќен роденден“.
За разлика од раскошните прослави на кои е навикнат, Диди овој роденден го дочека во затворот „FCI Allenwood Low“ во Пенсилванија.

Според пишувањето на „Us Weekly“, денот го започнал со појадок составен од овесна каша, кајгана, овошје, интегрален леб со џем и млеко.
Во овој затвор беше преместен во октомври од затворот „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, откако наводно се здобил со повреда на главата. Диди издржува казна од 50 месеци по две точки од обвинението за превезување лица со цел проституција, а на слобода би требало да излезе на 6 февруари 2028 година.











