[ФОТО] Кралицата Летиција со ќерките покажа како изгледа беспрекорниот есенски стил: Три различни јакни, секоја од нив одлична инспирација

Точка

01/11/2026

10:30

789

Големина на фонт

а а а

Каде и да се појави шпанската кралица Летиција со своите ќерки, принцезите Софија и Леонор, ги воодушевува сите присутни, а притоа одржува и вредни модни лекции.

Иако од нив во секој случај се очекува вистински моден „спектакл“, со неодамнешното појавување во Љанес тие покажаа навидум сосема обични модни комбинации, кои можат да нѝ послужат како одлична инспирација за есенското облекување.


Наместо свечени креации, трите дами избрале практични есенски комбинации, од кои секоја претставува различен пристап кон секојдневната елеганција.

Кралицата Летиција во класично модно парче

Шпанската кралица за оваа посета избрала светол џемпер, под кој можела да се забележи јаката на белата кошула, темносини фармерки и кафеави чизми.

Оваа едноставна комбинација ја надополнила со класично есенско модно парче – темносин мантил.


Овој еднобоен тренч-мантил бил со пократок крој, а половината дополнително ја нагласила со широк ремен од истиот материјал и во иста боја како мантилот.

Шпанската кралица со ова модно издание покажува дека едноставните парчиња облека се основата на секој добар стил, како и дека есенските комбинации можат да вклучуваат темносина и сива боја, а не само кафеави нијанси.

Принцезата Леонор во парка-јакна

Во согласност со своите години, идната кралица, принцезата Леонор (20), се одлучла за нешто помодерен и помладешки стил, па носела темносин џемпер со V-изрез, темни фармерки и чизми од превртена кожа.

Горниот дел од комбинацијата го надополнила со темна парка-јакна од брендот „Манго“, која се истакнувала со високата јака и практичните џебови.


Шпанската принцеза нѝ покажува дека и предимензионираната јакна може да биде неизоставен дел од есенските модни комбинации.

Принцезата Софија во бомбер-јакна

Од друга страна принцезата Софија (19) избрала модна комбинација каква што секојдневно гледаме кај девојките на улиците.

Основата на нејзината комбинација била слична на онаа на нејзината мајка и сестра, па така се појавила во светлосин џемпер и фармерки, кои ги искомбинирала со бели патики.

Сепак, таа се одлучила за кафеава бомбер-јакна од превртена кожа од брендот „Масимо Дути“.


Јакната била со широк крој и класична јака, а она што ја правело особено впечатлива се нејзината боја и материјалот.

Сите три дами со своите модни изданија покажуваат како едно впечатливо парче облека, во овој случај јакна или мантил, може целосно да го промени изгледот на целата модна комбинација.