Сопругата на познатиот британски готвач Џејми Оливер, Џулс Оливер, зборуваше за дијагнозите на „ADHD“ и аутизам, откривајќи дека со години не разбирала зошто се соочува со одредени тешкотии.
Џулс Оливер (51) раскажала дека дијагнозата на „ADHD“ ѝ била поставена пред неколку години, додека до проценка за аутизам дошло откако кај своите деца препознала особини што ги поврзала со сопствените искуства.
Како што навела, дури откако добила одговори на прашањата што долго ја измачувале, почнала поинаку да ги разбира сопствениот живот и предизвиците со кои се соочувала.

„Мислам дека досега тоа ми уништи 45 години од животот, бидејќи мислев дека станува збор за нешто друго“, рекла Џулс, зборувајќи за тоа како врз неа влијаело долгогодишното отсуство на објаснување за сопствените искуства.
Нејзината исповед повторно го привлече вниманието кон тоа колку доцното препознавање на невроразвојните состојби може да влијае врз разбирањето на сопствените потреби и однесување.

„ADHD“, односно нарушување на вниманието со хиперактивност, може да се манифестира преку тешкотии со вниманието, организацијата, импулсивноста и регулирањето на активноста. Аутизмот е невроразвојна состојба што може да влијае врз комуникацијата, социјалната интеракција, обработката на сетилните информации и начинот на кој лицето го доживува светот.
Искуствата на лицата со овие состојби се разликуваат, а кај некои луѓе препознавањето на симптомите и поставувањето дијагноза се случуваат дури во возрасна доба.

Со своето признание, Џулс Оливер укажа на значењето на разбирањето на сопствените тешкотии и добивањето соодветна стручна проценка, особено кога одредени обрасци се повторуваат во текот на целиот живот.













