Последни 16 минути тишина пред Правниот факултет во Белград, утре комеморација во Нови Сад

Точка

31/10/2026

13:09

232

Големина на фонт

а а а

Студентите денеска повторно им оддадоа почит на загинатите при падот на настрешницата, а за 1 ноември е најавен комеморативен собир во Нови Сад.

Студентите на Правниот факултет во Белград денеска, 31 октомври, одржаа 16 минути тишина во знак на сеќавање на 16-те жртви од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Оддавањето почит почна во 11:52 часот, на раскрсницата на Булеварот крал Александар и Белградска улица.

Студентите претходно најавија дека ова ќе биде последното секојдневно оддавање почит на раскрсницата пред факултетот. Во објавата на Инстаграм порачаа дека сметаат оти дошло времето за одговорност.

Оддавање почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад.

Одлуката ја соопштија во пресрет на двегодишнината од трагедијата на 1 ноември 2024 година. Им се заблагодарија на граѓаните што секојдневно им се придружуваа и потсетуваа зошто почнала нивната борба.

За утре, 1 ноември, е најавен комеморативен собир во Нови Сад по повод двегодишнината од падот на настрешницата.

Извори: ФоНет и Наш портал, 31.10.2026.