Мерцедес излетал од автопатот Пријателство и завршил во двор на семејна куќа, двајца тешко повредени

Макфакс

31/10/2026

13:40

80

Големина на фонт

а а а

Двајца мажи се тешко повредени откако автомобил мерцедес излетал од автопатот Пријателство и завршил во двор на семејна куќа во близина на Трубарево. Несреќата е пријавена рано наутро, а повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, откако автомобил „мерцедес“ излетал од коловозот и завршил во дворот на семејна куќа.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 1:10 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 33-годишен жител на селото Батинци, кој изгубил контрола над возилото.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.