КАМ и компаниите во рамките на „Камчев Груп“ започнуваат ново поглавје со преселбата во новиот Административен Бизнис Центар, лоциран во K-Mall & Business Center во Ѓорче Петров, Скопје. На една локација се обединуваат тимовите и компаниите од групацијата, создавајќи култура што поттикнува услови за поедноставна комуникација, поголема поврзаност и поефикасна секојдневна соработка.
Новиот деловен простор е уште еден чекор во динамичниот развој на КАМ и „Камчев Груп“ и потврда на нивната визија за иднината – инвестиција не само во растот на компаниите, туку и во луѓето и работната средина.

Вработените добиваат модерни канцелариски услови уредени според високи корпоративни стандарди. Преселбата е вложување во поквалитетни услови за работа и во понатамошниот развој на компаниите. Размената на знаења и искуства меѓу колегите е и можност за нивно професионално усовршување и подобрувањето на работните процеси, а заедничката локација носи и повеќе можности за неформални средби и дружење меѓу вработените.
Локацијата во рамките на K-Mall & Business Center во Ѓорче Петров овозможува и непосреден пристап до продавниците, услугите и останатите содржини во трговскиот центар. Дополнителен бенефит во рамките на објектот ќе биде и нов модерен фитнес-центар со површина од околу 2500m², достапен за вработените како практична опција за физичка активност и поддршка на активен животен стил, во близина на работното место.

Почетокот на работата во новите простории беше одбележан со интерна свечена коктел-прослава за менаџментот и вработените – заедничко одбележување на новиот почеток и следната фаза во развојот на групацијата.
Нов простор, нов заеднички почеток и уште поголеми можности за успех – под еден покрив.








