Полицијата од Тетово поднесе кривична пријава против гостиварец кој по расправија нападнал со остар предмет своја партнерка, а потоа физички ја нападнал и нејзината малолетна ќерка.
Полицијата од Тетово поднесе кривична пријава против А.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „насилство врз дете“.
На 25.10.2026, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет ја нападнал неговата вонбрачна партнерка, а физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.








