[ФОТО] Нови животни во Зоолошката градина во Скопје по повод 100-годишниот јубилеј

Макфакс

29/10/2026

13:41

209

Големина на фонт

а а а

Зоолошката градина во Скопје одбележува 100 години од своето постоење и затоа воведе нови животински видови кои се во карантин и наскоро ќе бидат достапни за посетители.

Зоолошката градина во Скопје доби нови жители по повод одбележувањето на 100 години од своето постоење. Во градината пристигнаа патагониски мари, нанду птици, кокошести гуски, бели пауни и лебеди, соопштија од Скопје ЗОО.

Новите животни моментално се наоѓаат во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор за безбедно да се приспособат на новата средина.

Од Зоолошката градина најавуваат дека посетителите наскоро ќе имаат можност да ги видат новите жители.

„Продолжуваме да го збогатуваме животинскиот свет во нашата и ваша Скопје ЗОО, со многу љубов и посветеност кон животните“, порачаа од градината.

Оваа година Зоолошката градина во Скопје одбележува еден век од своето постоење.