[ФОТО] Фотографијата од Путин и африканскиот претседател стана вирална: Сите се шегуваат на сметка на еден детаљ

Точка

28/10/2026

21:12

397

Големина на фонт

а а а

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо во Москва привлекла големо внимание на социјалните мрежи. Сепак, овојпат причината не се политичките теми.

Рускиот претседател во вторникот се сретнал со претседателот на Мозамбик на маргините на осмиот самит на Форумот на земји извознички на гас (GECF) во Москва.

Иако разговарале за економската и енергетската соработка, вниманието на јавноста го привлекла фотографијата од нивното ракување, на која особено дошла до израз разликата во висината меѓу двајцата претседатели.

Имено, според медиумските информации, Чапо е висок дури 204 сантиметри, додека висината на Путин се проценува на околу 170 сантиметри. Тоа значи дека претседателот на Мозамбик е приближно 34 сантиметри повисок од рускиот претседател.

Фотографијата набрзо се прошири на социјалните мрежи, каде што се појавија бројни коментари и шеги на сметка на висината на Путин.

Не е првпат Чапо да привлекува внимание со својата висина

Интересно е што ова не е првпат претседателот на Мозамбик да го привлекува вниманието на јавноста поради својата висина.


Во декември минатата година, неговата фотографија со италијанската премиерка Џорџа Мелони исто така стана вирална. Тогаш големата разлика во висината предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

И покрај вниманието што го привлекла фотографијата, официјалните разговори меѓу Путин и Чапо биле насочени кон зајакнување на економските, трговските и енергетските односи меѓу Русија и Мозамбик.