Водител шутнал дрон, па погодил манекенка директно во лице

Точка

28/10/2026

11:21

1.016

Големина на фонт

а а а

Необичен инцидент за време на емисија во живо во мексиканскиот град Монтереј бил забележан со камерите, а снимката набргу се проширила на социјалните мрежи.

За време на емитувањето на емисијата „Es Show“ во Монтереј, водителот Ернесто Чавана со нога удрил дрон што летал во негова близина.

По ударот, дронот одлетал кон Изабела, членка на екипата на емисијата, и ја погодил во лицето.

Таа ја напуштила сцената со видливи болки, додека останатите присутни побрзале да ѝ помогнат.

Целиот инцидент бил забележан со камерите за време на преносот во живо.