Гаши: Само обединети можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво

Макфакс

23/10/2026

12:20

240

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за Денот на Македонската револуционерна борба порача дека само обединети можеме да создадеме држава во која сите граѓани ќе се чувствуваат еднакво и почитувано, градејќи просперитетно и демократско општество.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

„Овој значаен датум нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност. Нивната борба и пожртвуваност се дел од историската основа врз која денес ја градиме нашата заедничка иднина.

Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме нашата заедничка одговорност да градиме демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности.

Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано“, се вели во честитката.