Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Макфакс

23/10/2026

12:50

225

Големина на фонт

а а а

Министерот Тимчо Муцунски ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО во Скопје, при што истакна значењето на 23 Октомври како ден посветен на идеалите за слобода и самостојност на македонската револуционерна борба.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!