„Дали ова е реално?“: Фотографијата на новата амбасадорка на Трамп стана вирална, шегите се нижат

Точка

14/10/2026

17:19

836

Големина на фонт

а а а

Именувањето на новата функционерка во администрацијата на Доналд Трамп во вторникот привлече големо внимание на социјалните мрежи, но не поради нејзините квалификации, туку поради фотографијата објавена со официјалното соопштение.

Станува збор за Барбера Х. Торнхил, идната специјална амбасадорка за следење и борба против трговијата со луѓе, чиј портрет предизвика бројни коментари и прашања.

Торнхил за новата функција ја претстави помошникот на државниот секретар Рајли Барнс, кој во објава на платформата X ѝ посака добредојде во Стејт департментот. „Амбасадорке Торнхил, добредојдовте во тимот. Горд сум што ни се придружи толку посветена лидерка на функцијата специјална амбасадорка за следење и борба против трговијата со луѓе“, напиша Барнс.


Шеги на X

Објавата многу брзо тргна во друга насока, бидејќи наместо за нејзиното именување, корисниците почнаа да дискутираат за официјалниот портрет. Многумина се запрашаа дали фотографијата воопшто е вистинска, додека други претпоставуваа дека станува збор за лошо обработена фотографија.

„Дали ова е реално?“, праша адвокатот Роберт Барнс на платформата X. „Ова е вистинска слика?“, се запраша и новинарот Алан Меклауд. Научничката од Флорида, Ребека Џонс, напиша: „Како суптилно да го прашам ова? Дали жената доживеала некаква несреќа или фотографијата едноставно е лошо обработена?“.

Тим Милер од порталот „The Bulwark“ одлучи да ја искоментира фотографијата со доза сарказам: „Важно е на оваа функција да има некој што секогаш ќе ги држи очите ширум отворени за потенцијалните трговци со луѓе“.

Независниот новинар Џејмс Ли објави само: „Браќа...“, придружено со три емотикони со череп. Демократката Али Самарко одговори со четири прашалници, додека нејзиниот колега Адам Пархоменко сподели графика со натписот „Straight Outta Mar-A-Lago“.

Канадскиот водител Дин Бландел не избираше зборови. „Што, по ѓаволите, ѝ е со лицето? Изгледа како човечки Пикасо“, објави тој.

Фотографијата генерирана со вештачка интелигенција насмеа многумина

Некои си поиграа со вештачката интелигенција, па направија паралела со милијардерката Сузан Дел, која соработува со Трамп и која, исто така, неодамна го привлече вниманието со својот изглед.