Енрике не крие која е целта на ПСЖ: Освоивме две титули во ЛШ, сакаме…

Дерби

14/10/2026

10:02

170

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен вечерва ќе го има првиот сериозен тест во Лигата на шампионите во оваа сезона, гостување во Манчестер и битка со премиерлигашот Сити.

Средбата е закажана од 21 часот и многу се очекува од истата, возбудувања, надигрувања, добри потези, голови, се што може да понуди соочување на две екипи од највисокиот врв на европскиот и светскиот фудбал.

Тренерот Луис Енрике е мотивиран и на ова гледа како исчекор кон поставената цел, освојување на нова титула, трета во низа во елитното натпреварување.

-Двапати по ред ја освоивме Лигата на шампионите, но нема причина да застанеме тука. Создадени сме да играме во Лигата на шампионите. Имаме дополнителен мотив, да постигнеме нешто што досега само Реал Мадрид успеал да го направи. Тоа е посебна цел.

-Тоа беше нашата главна цел кога пристигнав, да испишеме историја. Сите знаеја дека клубот веќе освои големи трофеи, но за нас нема поважен трофеј од Лигата на шампионите. За мене, како тренер, но и за играчите, постојаната желба за победа е клучна карактеристика на врвно ниво, -вели Шпанецот кој прифати нов договор до 2030 година.

-Го продолжив договорот и сега сум под уште поголем притисок да покажам дека сум подготвен да продолжам, дека сè уште сакам да освојувам трофеи со Пари Сен Жермен. Целта е секогаш иста, да победуваме и да продолжиме во тој ритам“, заклучи Енрике.