Поранешниот англиски репрезентативец, Мајкл Овен беше еден од оние кој прогнозираше дека Арсенал ќе биде тимот што ќе ја освои титулата во Премиер лигата во оваа сезона или поточно ќе остане на врвот со оглед на тоа што триумфираше во натпреварувачката 2025/2026.
Овен не гледаше тим кој може да ги предизвика, особено не Манчестер Сити по сите направени промено, меѓутоа шесте одиграни кола во ПЛ донесоа ново размилување од страна не некогашниот напаѓач.
-Навистина сум импресиониран од нив. Апсолутно имав сомнежи пред сезоната. Губите двајца од највлијателните луѓе во фудбалот, Гвардиола и Родри, а потоа губиш 20 медали од соблекувалната со Бернардо Силва, Џон Стоунс и останатите. Тоа беше вистинска загуба за клубот и кои клубови навистина напредуваат откако менаџерот бил толку успешен толку долг временски период? Речиси секогаш е отровен пехар за лицето кое ќе дојде на негово место. Имаше толку многу причини да се помисли дека ова би можело да биде борба за Манчестер Сити. Очигледно, тие сè уште имаат добри играчи и очигледно, инвестираа добро и сè тоа, но ќе се соочат со тим како Арсенал, добро подмачкана машина која штотуку ја освои лигата.
-Мислев дека Сити можеби ќе се мачи да ја освои лигата и сè уште мислам дека Арсенал е тимот што треба да се победи – не ме сфаќајте погрешно – но бев навистина импресиониран од начинот на кој Сити игра, и изгледа дека ќе бидат во трката, -истакна Овен.
-Мислам дека веројатно беше мајсторски потег и од Сити што го продолжи континуитетот со Мареска. Тој беше во други тимови, но беше во клубот и претходно; беше таму, неколку од играчите ќе го познаваат, тој го познава клубот и ги знае тактиките и сè друго слично. Речиси беше продолжение, па тоа веројатно беше мајсторски потег, но не, бев импресиониран од она што го правеа на теренот, -додаде Мајкл.
Сити со 18 бода е на врвот на Премиер лигата пред Арсенал и Брајтон.








