Рома-Реал Мадрид е еден од дуелите кој ќе ја одбележи оваа вечер во Лигата на шампионите, натпревар кој е интересен од повеќе причини, а една од нив е Жозе Мурињо.
Мурињо кој сега е на клупата на „кралевите“ одработи и еден мандат на „Олимпико“, донесе европски трофеј за „волчицата“ и со тоа го испиша своето име во историјата на клубот.
-Треба да играме многу добро. Мораме да играме против два од најсилните тима во светот во првите два натпревари, прво Интер, а сега Рома. Тие се силен и мотивиран тим бидејќи се враќаат во Лигата на шампионите и имаат публика што може да победува. Имаме силен противник пред нас, -вели Мурињо кој прогнозираше дека двата тима ќе ја минаат оваа лигашка фаза, но и дека можеби ќе се сретнаат во четвртфиналето на нокаут рундата.
-Ќе биде натпревар како и секој друг. Морам да заборавам каде сум, против кого играм. За мене, тоа ќе биде само уште еден натпревар. Нема притисок бидејќи станува збор за Лигата на шампионите, мислам дека Рома и Реал Мадрид ќе се квалификуваат. Можеби подоцна ќе се вратам тука за да го играм четвртфиналето, -порача Португалецот во негов стил.








