[ФОТО] Нема шега со Холанѓаните: Федерацијата му изрече примерна казна на 13-годишниот натрапник на теренот

Дерби

10/10/2026

11:27

353

Големина на фонт

а а а

Холандија и Германија одиграа прв натпревар во Лигата на нации на крајот на месец септември, а во период кога домаќините бркаа негатива, имаше и еден прекин поради млад натрапник на теренот.

Младо момче влета на теренот во обид да направи селфи со Тијани Рејндерс и успеа во својата намера да се фотографира со репрезентативецот, но оваа слика сега ќе го чини доста на фудбалски план.

Холандската Федерација се држи строго до своите правилници без разлика на возраста на фановите, па младиот тинејџер сега нема да смее да стапне на ниту еден фудбалски стадион во својата земја до 18 години.

Младото момче доби петгодишна забрана за посета на било каков фудбалски настан и приближување до фудбалски стадион, но исто така неговото семејство ќе мора да плати и парична казна од 100 евра.

Паричната казна е минорна токму поради возраста на момчето, но Федерацијата верува дека далеку поголема казна за него е тоа што нема да може да ја гледа репрезентацијата до своето полнолетство.