Канаваро: Имам добра меморија и немам дилеми кој треба да ја освои „Златната топка“

Дерби

10/10/2026

13:49

239

Големина на фонт

а а а

Фабио Канаваро е последниот дефанзивец кој ја има освоено „Златната топка“ и тоа се случи во 2006-та година кога со Италија ја освои и светсксата титула, но две децении подоцна, како никогаш претходно има повеќе кандидати за освојување на најпрестижното индивидуално признание.

Славниот Италијанец е доволно влијателен извор на оваа тема и дојде ред и тој да го бира својот фаворит за изминатата натпреварувачка сезона, па иако главниот фокус во последно време се става на настапите на Светското првенство, Канаваро не го заборава играчот кој го одведе ПСЖ до втора титула во Лигата на шампиони.

Интересно, Канаваро не ги вбројува Ламин Јамал, Хари Кејн и Макл Олисе во потесниот избор за „Златната топка“, давајќи му предност на грузискиот фудбалски мајстор, Квича Кварацхелија.

– Јас имам добра меморија и не се фокусирам само на натпреварите кои неодамна се одиграле или биле најактуелни во последно време.

– Последното издание во Лигата на шампионите беше одбележано од Квича Кварацхелија. Тој беше највлијателен играч и ако треба да бирам, немам сомнеж дека тој треба да биде победникот. Сите го користат Светското првенство како појдовна точка, го споменуваат Мбапе и размислуваат за Меси и неговата кариера, но Квича направи неверојатни работи претходно и јас добро го паметам тоа, – порача Канаваро во интервјуто за „Газета дело спорт“.