Разочарување по титулата во Пекинг: Ѓоковиќ лесно загуби од „редовен пациент“ на стартот во Шангај

Дерби

09/10/2026

14:27

276

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ имаше најдобра можна подготовка за најважниот турнир на азиската турнеја и освои титула во Пекинг, но сепак ова не се покажа како добра увертира за она што следи, односно Мастерсот во Шангај.

Српскиот тенисер очигледно не успеа да се регенерира доволно брзо од напорот кој го вложи на крајот на минатата седмица, па сето тоа кулминираше со непрепознатлива игра и физички проблеми во првиот сет.

Ѓоковиќ му порачуваше на својот тим дека има проблеми да го следи ритамот на Хуберт Хуркач, кој после осум последователни порази на исто толку меча, денеска дочека шанса за прва победа во дуелите со Србинот.

Полјакот направи брејк во десеттиот гејм од првиот сет (6:4) и доби предност да сервира прв во вториот, а тоа се покажа како клучен момент во мечот во кој Новак не беше на висина на задачата.

Хуркач му го одзема вториот сервис гејм на Новак и поведе со 3:1 во вториот сет, по што до крајот мирно го чуваше својот сервис и со 6:3 ја заврши работата.