Ѓоковиќ ги издвои главните причини за неочекуваниот пораз на стартот во Шангај

Дерби

10/10/2026

09:18

1.385

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ пристигна во Шангај како шампион од Пекинг и дефинитивно никој не очекуваше негова рана елиминација на Мастерсот кој го има освојувано четири пати во кариерата, но вчера се случи токму тоа во второто коло кое беше премиерно за него.

Српскиот тенисер одигра извонредни три меча за крај на турнирот во Пекинг кој го освои по седми пат, но на стартот во Шангај на неговиот пат застана Хуберт Хуркач кој се избори за прва победа во дуелите со Ноле.

Ѓоковиќ имаше очигледни физички проблеми и во неколку наврати му се пожали на својот тим дека му се тресе цело тело, меѓутоа по мечот тој самиот нагласи дека главен проблем му била аклиматизацијата и лошото чувство кое го имал со топчето.

– Дојдов малку изморен и не се чувствував свежо, но на сето тоа се надоврза добрата игра на Хуркач. Едноставно не бев свој, особено не во чувстото на топчето. Подлогата е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако го загубите својот сервис еднаш во светот, тоа може да биде доволно за да го загубите. Така беше во овој случај.

– Ми беше многу тешко да го читам неговиот сервис и да го враќам во поле. Тој сервираше брилијантно и немав одговор за тоа. Пекинг беше фантастично искуство, овде испаднав многу рано, но тоа е што е. Ќе темпирам од добрата недела во Пекинг, сега ќе одам на одмор и ќе почнам да се подготвувам за турнирите во сала, – изјави Ѓоковиќ кој за првпат во кариерата загуби од Хуркач по осум последователни победи.