[ФОТО] Роналдо стави „лајк“ на жестоката изјава на Мело и предизвика лавина од реакции во Португалија

Дерби

03/10/2026

16:56

160

Големина на фонт

а а а

Случајот „Кристијано Роналдо“ предизвика голем потрес во португалската спортска јавност и покрај стопроцентниот учинок на националниот тим на стартот на Лигата на нации, особено поради радикалниот потег на капитенот кој одлучи да го напушти репрезентативниот камп во знак на протест против селекторот Жезус.

Конфликтот со новиот селектор го натера Роналдо да преземе најостра мерка со напуштање на репрезентативниот камп во Копенхаген, а откако самиот најави дека во блиска иднина ќе објасни зошто точно го прави тоа, во јавноста не стивнуваат реакциите за овој случај кој носи штета за португалскиот фудбал.

Ставовите во јавноста се измешани и Фелипе Мело е еден од оние кои најжестоко застанаа во одбрана на капитенот, па откако Роналдо стави лајк на обраќањето кое го имаше Бразилецот, стана јасно дека Кристијано е разочаран од Жезус, но и од своите соиграчи кои не му дале доволно голема поддршка.

– Гледам поголема почит од ривалите кога играат против Роналдо, отколку од неговите соиграчи. Го видовте ли играчот на Наполи што постигна гол против Португалија? (Хојлунд) Тој се разбесни, па дури и го турна Жорж Жесус. Таму гледам поголема почит отколку кај неговите соиграчи од репрезентацијата. Никој од националниот тим не може да се мери со него; никој не може ниту да му пријде на Кристијано. Не смеете да дозволите најдобриот играч во историјата да си замине на таков начин, – порача Мело, обраќање на кое Роналдо го одобри со ставен „лајк“ на Инстаграм.