Залетаниот Зверев со фуриозно издание закажа четвртфиналната пресметка со Ѓоковиќ

Дерби

03/10/2026

16:50

136

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев е тенисерот кој е во посебен налет во последно време, а по двете освоени грен слем титули за кои чекаше со години, се чини дека го игра најдобриот тенис и во Пекинг.

Првиот носител на турнирот без проблеми го мина осминафиналниот предизвик наречен Јунченг Шанг, па по убедливата победа над домашниот тенисер од Кина, пред него е навистина посебен предизвик.

Саша е на страната на која е најголемиот шампион во историјата на турнирот во Кина, а тоа значи дека во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ.

Ноле со доста мака ги мина почетните две рунди и го задржа максималниот учинок на турнирот во Пекинг, каде покрај тоа што е шесткратен шампион, нема забележано ниту еден пораз.

На 31 меч, Новак запиша 31 победа, а 32-от предизвик на еден од омилените турнири ќе му биде залетаниот Зверев кој игра во животна форма.