Марко Матераци има статус на легенда на Интер од проста причина што најголем дел од кариерата мина во оваа средина и тоа во многу успешен период за клубот од 2001 до 2011 година.
Тој ги освои сите пехари со „нероаѕурите“ и тоа со значајна улога, па токму затоа навивачите и ден денеска го паметат, ценат и во исто време веруваат дека на најдобар начин го брани клубот.
Интер во оваа сезона влезе во улога на шампион, нешто што воопшто не е изненадување за Матераци кој смета дека Интер заслужил да има уште повеќе титули во своите витрини, поточно дека подарил две Скудета во последниве години.
-Четири или пет години велам дека Интер е најсилен, а веројатно подаривме две Скудета. Минатата година многу луѓе имаа сомнежи во врска со Киву. Реков дека тоа што го има Светското клупско првенство е позитивно, веднаш да се избрише финалето на Лигата на шампионите од главите на играчите. Кристијан се покажа добро, тоа може да се види од прегратката со играчите на крајот од сезоната, може да се види емпатијата и интелигенцијата што ја имаше, -вели Матрикс кој смета дека калчолигашот треба да игра подобро во одбраната.
-Тоа покажува колку сме силни, но мора да излегувате на теренот концентрирани секој пат. Кога губите со два гола, потоа се враќате, тоа веќе се случи двапати. Но, доста е сега, да се надеваме дека ќе ги победиме сите и да примиме помалку голови, -порача некогашшниот италијански репрезентативец.








