Видео кое најдобро ја покажува големината на Џеко: Един зрачеше со насмевка, соиграчите ронеа солзи

Дерби

03/10/2026

16:49

143

Големина на фонт

а а а

Един Џеко го одигра последниот натпревар во дресот на Босна и Херцеговина и стави крај на една приказна која ќе се пренесува од генерации на генерации, бидејќи босанскиот дијамант направи нешто што никој претходно не го направи за оваа земја на спортски план.

Џеко како лидер на тимот ги одведе „змејовите“ на две Светски првенства и ги исполни соновите на многу генерации, па токму поради тоа, неговото испраќање од репрезентацијата беше посебно емотивно.

Напаѓачот доби испраќање за незаборав и дел од истото беа и Швеѓаните кои воодушевија со понудениот шпалир, но посебно емотивно беше по крајот на средбата, кога Един се збогуваше со фановите.

Џеко остави белег и наследство кое ќе биде негувано од новите генерации, но додека тој одлично ги контролираше емоциите и зрачеше со насмевка, неговите соиграчи не можеа да се воздржат и ронеа солзи.

Токму ова видео најдобро ја презентира големината на Џеко во Босна и Херцеговина, играч кој тешко ќе може да се замени во тимот на Сергеј Барбарез.