Играч со преку 500. натпревари во НБА лигата е замената за Џејмс во Анадолу Ефес

Дерби

03/10/2026

15:55

149

Големина на фонт

а а а

Анадолу Ефес остана без првата ѕвезда на екипата Мајк Џејмс кој заработи тешка повреда на средбата со Црвена Звезда, ја скина ахиловата тетива и го очекува голема пауза од терените меѓу седум и девет месеци.

Турскиот клуб експресно реагираше и договори замена за најдобриот стрелец во историјата на Евролигата или поточно се договори со играч кој своевремено беше 14 пик на НБА драфтот (2015 година) и има одиграно преку 500 мечеви во најсилната кошаркарска лига на светот.

Се работи за Камерон Пејн кој минатата сезона се испроба на стариот континент и одреден период мина во Партизан по што беше дел од Филаделфија Севентисиксерс.

Сега за враќа на стариот континент со договор до крајот на натпреварувачката 2026/2027.