Кристијано Роналдо демонстративно ја напушти португалската фудбалска репрезентација и предизвика вистинска бура во Копенхаген, а ваквиот расплет на настаните дојде откако капитенот на националниот тим остана разочаран од прес-конференцијата која ја одржа Жорж Жезус.
Искусниот стручњак имаше експлозивно обраќање на прес-конференцијата и со употребените зборови очигледно го навреди Кристијано, кој и самиот на социјалните мрежи потврди дека одлучил да го напушти репрезентативниот камп како последица на изјавата на селекторот.
Роналдо не даде повеќе детали за нарушениот однос со селекторот и „пукањето на тиквата“ која предизвика голем потрес во португалскиот фудбал, а додека јавноста ќе почека за одговори од највлијателните лица, една од сестрите на Кристијано сподели објава која звучи заштитнички кон неговиот брат.
Елма Авеиро сподели една објава на која се величи сето она што го направи Роналдо за репрезентацијата, а истовремено се осудува третманот кој го доби во оваа завршна фаза од кариерата.
– Кристијано заслужува поголема почит. Репрезентацијата заслужуваше подобра инфраструктура. Португалското новинарство заслужува поголема компетентност и помалку шпекулации.
– Португалскиот народ не заслужува да биде најдобар во ништо. Ние сме завидливи, полни со презир и неуки, и заслужуваме да се вратиме на просечноста што нè дефинираше во фудбалот пред Кристијано, – гласи текстот кој беше одобрен од сестрата на Роналдо.
– Се е кажано…….
🚨 Cristiano Ronaldo's sister Elma Aveiro on IG:
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 30, 2026
"CR7 deserved more respect.
The national team deserved more structure.
Portuguese journalism deserved more competence and less speculation.
As for the Portuguese people, well... they don't deserve to have the best at anything.… pic.twitter.com/jOjjwBTPo6








