Винисиус знае дека е во лоша форма: Тешко е да се опоравам од тој удар

Дерби

01/10/2026

07:05

321

Големина на фонт

а а а

Бразил ја доби втората контролка против Австралија и успеа да слави со 2:4, натпревар кој беше решен со два гола во низа на „кариоките“ во завршната фаза од мечот.

Бруно Гимараеш и Винисиус Жуниор донесоа прва победа за Карло Анчелоти и Бразил по настапот на Светското првенство, а голот за потврда на победата беше дело на ѕвездата на Реал Мадрид чија форма е во надолна линија.

Вини е далеку од посакуваното ниво и тоа го заклучи и Карло Анчелоти по вчерашниот натпревар, па сега со изјава се јави и крилниот напаѓач кој вели дека се уште се опоравува од тешкиот удар наречен Светско првенство.

Поразот и болната елиминација од Норвешка беше удар кој е тежок за проголтување, па очигледно тоа се одрази и врз формата на играчот кој треба да биде лидер во националниот тим.

– Кога Рафиња не е на терен, договорот е Бруно да ги изведува пеналите. Мислев дека тој ќе шутира, но тој препозна дека ми треба самодоверба и ми го препушти пеналот. Не дадов гол на неколку натпревари и потребно ми беше да постигнам гол.

– Ударот на Светското првенство беше тежок и голем за нас и тешко ми е да се вратам после тоа. Знам дека не сум во добра форма, не игравме добро на првиот меч со Австралија, но ова е фаза во која испробуваме работи. Мора да се подобриме, играме за Бразил и Бразил е тим кој мора да победува на секој натпревар, – вели Винисиус.