Кејн го испофали големото летно засилување на Барса: Сега игра со поголема самодоверба

Дерби

01/10/2026

06:46

559

Големина на фонт

а а а

Трансферот на Антони Гордон во Барселона беше пречекан со скептични коментари и се отвори голема дебата околу неговата аклиматизација во Шпанија, но после седум одиграни кола и добри изданија во новата средина, крилниот фудбалер се врати во извонредна форма и во репрезентацијата.

Гордон се запиша во листата на стрелците на двата натпревари против Шпанија и Чешка и потврди дека е во фантастичен ритам, а големиот напредок во фаза на самодоверба го евидентираше и капитенот на англискиот тим.

Хари Кејн го познава Гордон уште од времето кога водеа битки во Премиер лигата, но сега самиот вели дека дополнително се надградил за само кратко време во Барселона.

– Со игрите кои ги прикажува во последно време, Гордон покажува дека припаѓа на највисокото светско ниво, како во Барселона, така и во Англија.

– Неговите изданија на последните натпревари се најдобрите кои ги прикажал во англискиот дрес. Знам дека многумина не мислеа така, но потписот за Барселона направи да игра со уште поголема самодоверба, – смета Кејн.