Италијанците исвиркани од своите фанови, Манчини тврди дека ја надиграле Белгија во вториот дел

Дерби

26/09/2026

11:30

287

Големина на фонт

а а а

Роберто Манчини се врати на клупата на италијанската фудбалска репрезентација, но неговото второ деби не помина на начинот кој го посакуваше.

Италијанците загубија од Белгија на домашен терен во рамките на Лигата на нации, а домашните фанови ги исвиркувале „азурите“ на полувремето и по крајот на натпреварот.

Фановите реагираа жестоко на играта и преку социјалните мрежи, но селекторот смета дека неговиот тим бил подобар ривал на теренот во второто полувреме.

– Белгија играше подобро во првиот дел, но ние ја преземавме иницијативата во второто полувреме и можевме да израмниме. Наместо тоа, примивме гол од контра по сопствена грешка, фудбалот е таков.

– Првото полувреме беше под очекувањата, но не беше така во вториот дел. Имавме четири-пет шанси да израмниме, го притиснавме противникот, но Белгија е силна репрезентација, – рекол Манчини.