Федерер го избра најдобриот светски тенисер во овој момент: Постои голема дебата, но…..

Дерби

25/09/2026

13:30

202

Големина на фонт

а а а

Рожер Федерер како еден од организаторитен на Лејвер Купот ја пречека тениската елита во Лондон, а пред да почнат возбудувањата кои се закажани од утре до недела, Швајцарецот даде одговор на едно интересно прашање кое му беше поставено од „ТНТ Спортс“.

Еден од најголемите играчи на сите времиња нема изразит фаворит меѓу тројцата кои моментално доминираат во светскиот тенис, но сепак бидејќи новинарот инсистираше да избере еден кој е најдобар во моментов, Федерер го издвои Јаник Синер поради константноста.

Пред да се повреди и да го пропушти Ју-Ес Опен, Синер доминираше на Мастерс турнирите и го освои Вимблдон, па за негоа тоа се доволно добри аргументи за да се каже дека е најдобар во 2026-та година.

Од друга страна, Карлос Алкарас поради повреда пропушти четири месеци, додека Саша Зверев освои две грен слем титули и профитираше од повредите на двајцата ривали.

– Би кажал дека можеби Синер е најдобриот, пред се поради доминацијата која ја прикажа на Мастерс турните од серијата 1000 пред да се повреди. Кога се појавуваше на теренот, тој секогаш беше најдобриот, тоа го покажува и ранкингот на АТП листата.

– Кога Карлос е на највисоко ниво, можеби тој е оној што е најдобар. И јас сум меѓу тие кои би велеле дека тој е најдобар тенисер кога е здрав, а тоа го знае и самиот тој. Кога е во прашање Зверев, тој конечно дојде до тоа што сите го очекувавме од него, стана грен слем шампион. Исто така може да се вели дека тој сега би бил човекот кој треба да се победи во ситуација кога двајцата се враќаат од повреда.

– Постои дебата за да се даде точен одговор, но ако се гледаат настапите од оваа година, би кажал дека Синер е најцврст и човекот кој треба да се победи, – изјави Федерер.