Бешикташ се засили со играч кој има одиграно преку 300 натпревари во НБА лигата

Дерби

15/10/2026

13:39

290

Големина на фонт

а а а

Турскиот прволигаш и од оваа година член на Евролигата, Бешикташ ги засили своите редови со некогашниот 18. пик на НБА драфтот-Лони Вокер.

Вокер има одиграно преку 300 натпревари во најсилната лига на светот за Сан Антонио Спарс, Лос Анџелес Лејкерс, Бруклин Нест и Филаделфија Севентисиксерс што доволно говори за неговиот квалитет и знаење кое сега ќе треба да го покаже во Бешикташ.


Тој доаѓа во новата средина откако Денвер Нагетс одлучи да се откаже од него, па опцијата Европа одново стана актуелна и најконкререн, најбрз во обезбедувањето на неговиот потпис беше тимот од Истанбул.


Европската кошарка не е непознаница за Вокер кој од 2024 па наваму настапуваше за Жалгирис и Макаби Тел Авив.