Адејеми се посрамоти пред празен гол, реакцијата на Клоп се најде во прв план

Дерби

25/09/2026

08:16

363

Големина на фонт

а а а

Карим Адејеми на идеален начин ја почна новата авантура во редовите на Барселона, но слободно може да се каже дека не се прослави на дебито на Јирген Клоп во германската репрезентација.

Поради добрите настапи во Ла Лига, Адејеми беше стартер при враќањето во германската репрезентација, меѓутоа мечот на „Јохан Кројф“ ќе го памети по големото промашување.

Германија имаше шанса натпреварот целосно да го однесе во посакувана насока откако поведе со 0:1, но Адејеми не погоди од идеална позиција и го промаши невозможното.

Добрата комбинација на Амири и Браун го оставија Адејеми во стопроцентна шанса, но фудбалерот на Барселона го префрли голот и го направи потешкото во дадената ситуација.

Крилниот напаѓач го префрли цел гол, а во фокусот се најде и реакцијата на Јирген Клоп кој со голема насмевка во свој стил ја проследи ситуацијата.

Видеото погледнете го ТУКА.