Хаос во Јунајтед: Уште еден фудбалер го крена гласот

Точка

14/10/2026

19:31

696

Големина на фонт

а а а

Новиот чин на кризата во Манчестер јунајтед следуваше по поразот од Атлетико Мадрид (2:0) во Лигата на шампионите, а масло на огнот долеа Амад Дијало со својата реакција на социјалните мрежи.

Крилниот фудбалер на Црвените ѓаволи сподели фотографија од натпреварот на „Snapchat“, со пораката:

„Е**на срамота, немам зборови!“


Како што пренесува „Daily Mail“, не е сосема јасно дали зборовите на Дијало се однесуваат на очајната партија на неговиот тим, на неодамнешните изјави на соиграчот Лисандро Мартинез или на генерално лошата ситуација во клубот.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска доби шанса од клупата во последните 25 минути од натпреварот против Атлетико.


Мартинез по натпреварот ги критикуваше клупската управа и спортскиот директор Џејсон Вилкокс поради трансфер политикаата, истакнувајќи дека тренерот Мајкл Керик не добил доволна поддршка и дека на екипата ѝ се потребни засилувања.

Неговите изјави наидоа на критики од Вејн Руни, кој смета дека би можеле да ја нарушат атмосферата во соблекувалната.


„Мислам дека тоа е непочитување кон соиграчите, бидејќи практично вели дека не се доволно добри. Сега ќе има само уште поголема врева, а играчите ја губат довербата еден во друг“, порача поранешниот напаѓач на Јунајтед.

Амад Дијало е роден на 11 јули 2002 година во Абиџан, во Брегот на Слоновата Коска, од каде што како момче се преселил во Италија и фудбалски созревал во младинскиот погон на Аталанта, за чиј прв тим дебитирал на само 17 години и веднаш станал најмладиот стрелец во историјата на Серија А. Неговиот извонреден талент, брзина и техничка супериорност го привлекле вниманието на европските гиганти, па во јануари 2021 година остварил повеќемилионски трансфер во Манчестер јунајтед. По стекнувањето искуство и успешните позајмици во Ренџерс и Сандерленд — каде што бил прогласен за најдобар млад играч на клубот — се изборил за стабилно место во првиот тим на Црвените ѓаволи, додека истовремено редовно настапува и за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.