[ВИДЕО] И ова е Лига на шампиони! Европа им се смее на сцените и на голот од натпреварот во елитното фудбалско натпреварување …

Точка

14/10/2026

16:38

588

Големина на фонт

а а а

Голот од натпреварот во Лигата на шампионите во Азербејџан привлече големо внимание.

Сабах ја оствари првата победа во Лигата на шампионите во клупската историја, откако во второто коло од ова натпреварување како домаќин ја победи Славија Прага со резултат 2:0.

Екипата од Баку стигна до триумфот со головите на Кахум Парис во 49. и Џој Ланс Микел во 88. минута од натпреварот.

Вториот погодок на овој меч е прилично комичен.

Најпрво голманот на Славија реагираше лошо и го остави голот целосно празен, а потоа Давид Мозес, фудбалерот на гостите, реагираше катастрофално пред голот на својот тим.

Мозес ја проследи акцијата на противникот и се постави на вистинското место, но потоа реагираше очајно, па топката по неговиот потег влезе во голот, иако е прашање дали воопшто ќе завршеше во мрежата.

Погледнете го голот од натпреварот Сабах – Славија Прага, на точно 9:50 минута од видеото.