[ФОТО] Последица од ужасниот старт на „Метрополитано“: Реал соопшти од каков тип е повредата на Валверде

Дерби

22/09/2026

15:09

182

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид експресно пријави повреда на Феде Валверде по крајот на градското дерби кое се одигра во неделата, а два дена подоцна направи нова дијагностика и излезе со повеќе детали за тежината на истата.

„Кралскиот клуб“ ја извести јавноста дека Валверде нема да се појави на првиот собир кој ќе го одржи новиот уругвајски селектор, Диего Форлан, а причина за тоа е потешкото истегнување на зглобот.

Како последица од ужасниот старт на Канг Ин, Валверде се здобил со истегнување од трет степен на скочниот зглоб, што значи дека ќе мора да направи пауза од неколку недели.


Во вакви ситуаици, паузата може да варира од шест седмици до три месеци, но угледните медиумите кои се блиски до клубот, уверуваат дека оштетувањето на лигаментите кај Валверде не е од најлош степен.

„Марка“ и „АС“ тврдат дека Феде со сигурност ќе може да игра на „Ел Класико“ дербито против Барселона кое е закажано за 25-ти октомври, но ќе биде во трка со времето за првиот меч кој следи по репрезентативната пауза, оној против Вилјареал на „Бернабеу“, како и за оној против Рома во Лигата на шампиони во Италија.